За кого е овој портал
Индустрија, институции, сервисери и увозници — што конкретно значи преминот за секој од нив.
Порталот е наменет за оние што одлучуваат за разладна опрема или работат со неа. Најдете го вашиот случај подолу.
Индустрија и производство
Прехранбена индустрија, ладилници, пиварници, млекарници, фармација, хемиска индустрија.
Кај вас ладењето може да троши и до 60% од електричната енергија. Тоа значи дека дури и мало подобрување на ефикасноста се враќа брзо.
Од каде да почнете:
- Проверете кое средство е во вашата опрема и дали е под квота — со тоа знаете дали цената ќе ви расте во наредните години
- Ако имате систем со 3 килограми полнење или повеќе, законот бара редовна проверка на протекување и водење евиденција
- Пред поголема инвестиција, направете енергетска контрола за да знаете од каде точно доаѓа потрошувачката
Институции и јавни згради
Министерства, општини, болници, училишта, универзитети, музеи.
Ревидираната директива на ЕУ ја проширува обврската за реновирање на сите јавни згради над 250 m². Во 2025 година е усвоен Планот за реконструкција на згради на државно ниво, што опфаќа 14 објекти со вкупно 102.992 m².
Од каде да почнете:
- Кај јавна набавка на клима-уреди, барајте ги минималните вредности за SEER и SCOP — неефикасната опрема нема да смее да се продава
- Болниците трошат речиси трипати повеќе енергија по квадратен метар од канцелариските згради, поради работа 24 часа и построгите барања за воздух
- Проверете дали опремата што ја имате е евидентирана и означена согласно прописите
Сервисери и техничари
Сервисни компании, инсталатери, проектанти.
Новите средства бараат нови навики. Класите A2L и A3 се запаливи, амонијакот е токсичен, а CO₂ работи на притисок до 120 bar. Секое од нив има свои услови за инсталација и одржување.
Од каде да почнете:
- Работата со разладни средства е дозволена само со важечка лиценца — категориите се уредени со Уредбата од Службен весник 259/21
- Пријавете се на работилниците; следната е отворена за пријавување
- Прирачникот ги содржи класификацијата по ASHRAE 34, методите за детекција на протекување и роковите за проверка
Увозници и продавачи на опрема
Увозници на клима-уреди и разладни средства, продажни салони.
Квотата за увоз на HFC се намалува по однапред утврдена динамика. Првото намалување од 10% стапува во сила во 2029 година, а до 2045 увозот се сведува на 20% од почетниот просек.
Од каде да почнете:
- Погледнете ја скалилата за квотата за да го планирате асортиманот
- Средствата со висок GWP ќе поскапуваат како што квотата се стеснува
- Барањата за еко-дизајн одредуваат што смее да се пласира на пазарот
Ако не сте сигурни каде спаѓате
Почнете од прегледот на разладните средства. Внесете го средството што е во вашиот уред — пишува на плочката од надворешната единица — и ќе видите дали е забрането, под квота или одобрено, и со што се заменува.
Енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација