Одржлив развој преку рационално управување со ресурсите во животната средина macedonia@rec.org.mk MK EN
RAC Северна Македонија — Енергетска ефикасност во ладењето UNIDO — United Nations Industrial Development Organization Канцеларија за заштита на озонската обвивка Ресурсен центар за животна средина — РЕЦ Северна Македонија
Енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација

Проект на UNIDO, Министерството за животна средина и просторно планирање и РЕЦ

Енергетски ефикасно и одржливо ладење за Северна Македонија

Изборот на технологија, ладилниот флуид и редовното одржување директно влијаат врз потрошувачката на енергија и врз емисиите.

Национален преглед

Проверете што има вашиот уред — и со што смее да се замени

Дваесет и осум разладни средства со статус, GWP и замени. Ознаката пишува на плочката од надворешната единица.

Обуки за сервисери

Практична работа со средства од класа A2L и A3

Новите средства бараат нови навики. Пријавата е бесплатна, местата се ограничени.

Вести

Одржана втората работилница за енергетска ефикасност

Втората во низата работилници ги собра претставниците на општините, државните институции, инспекторатите, фармацевтската и прехранбената индустрија и стопанските комори.

Национален преглед на разладни средства

Проверете што има вашиот уред — и со што смее да се замени.

Ако користите разладна или климатизациска опрема, дел од средствата во неа веќе се забранети за увоз, а дел се под годишна квота што се намалува. Овде гледате кое средство во кое се заменува, што бара законот и каде да се обратите.

Отвори го прегледот →
Забрането или ограничено → Одобрено GWP · AR4
Сегашно средство
мешавина HFC · GWP 2.088
Под годишна квота
мешавина: R-32 / R-125 · вриење -51,4 °C

Работи на околу 60% повисок притисок од R-22, па бара опрема проектирана за него. Доминантен во сплит климатизацијата од 2000-тите наваму.

Сплит и мулти-сплит климатизација.

Одобрени замени (3)
  • R-32 A2L GWP пониско за 68%
    дифлуорометан · GWP 675
    Сплит клими и топлински пумпи
    Прирачник §2.5.2
  • R-454B A2L GWP пониско за 78%
    мешавина со низок GWP · GWP 466
    Сплит и мулти климатизација
    Прирачник §2.5.2
  • R-452B A2L GWP пониско за 67%
    мешавина со низок GWP · GWP 698
    Унитарни системи
    Прирачник §2.5.2

Замената ја изведува техничар со важечки сертификат. Средствата од класа A2L и A3 се запаливи и бараат посебни услови за инсталација.

68учесници на првата работилница
28разладни средства во прегледот
357.938тони CO₂-еквивалент — квота за увоз на HFC во 2024
−80%намалување на увозот до 2045 година

Состојба на RAC системите во Северна Македонија

Отвори →

Предизвици, добри практики и поглед нанапред: кој веќе преминал кон поефикасни технологии, што ги кочи останатите и што е потребно за побрза модернизација.

Претседателска маса на работилницата, со банерите на проектот и на РЕЦ зад неа
Втората работилница, Хотел „Александар Палас“, Скопје · Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) — Северна Македонија