Одржлив развој преку рационално управување со ресурсите во животната средина macedonia@rec.org.mk MK EN
RAC Северна Македонија — Енергетска ефикасност во ладењето UNIDO — United Nations Industrial Development Organization Канцеларија за заштита на озонската обвивка Ресурсен центар за животна средина — РЕЦ Северна Македонија
Енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација

← Проекти

Кампања за јавна свест за енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација

Подигнување на јавната свест за енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација, во рамки на пилот-проектот за постепено намалување на HFC. Спроведено во соработка со Канцеларијата за заштита на озонската обвивка.

Статус
Во тек
Донатор
UNIDO
Област
Климатски промени и енергетска ефикасност
Период
јануари 2026–август 2027
68учесници на првата работилница
357.938тони CO₂-еквивалент — квота за увоз на HFC во 2024
−80%намалување на увозот до 2045 година
1.137евидентирани уреди со полнење над 3 kg
Кампања за јавна свест за енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација

Проектот е дел од активностите за постепено намалување на HFC во Северна Македонија, во согласност со Кигали амандманот на Монтреалскиот протокол. РЕЦ е задолжен за спроведување на Кампањата за подигнување на јавната свест, додека носител е Министерството за животна средина и просторно планирање преку Канцеларијата за заштита на озонската обвивка.

Што опфаќа

  • Национална кампања за енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација
  • Работилници за сопственици на опрема, сервисери и институции
  • Прирачник за енергетска ефикасност на RAC системите
  • База на засегнати страни од индустријата, трговијата, здравството и јавниот сектор

Досегашни резултати

  • Прва работилница одржана на 5 мај 2026 година во Скопје, со 68 учесници
  • Изработен прирачник, мај 2026 година
  • Воспоставена база на засегнати страни

Партнери

Министерство за животна средина и просторно планирање — Канцеларија за заштита на озонската обвивка

Од настанот